ЈОКИЌ НЕМА ДА ИГРА НА ОИ ВО ПАРИЗ?
Објавено на: 20.05.2024
Елиминацијата од Минесота во полуфиналната мајсторка на Западот, за Денвер и Никола Јокиќ значеше дека остануваат без шанса да ја бранат титулата во НБА.
За најкорисниот играч во лигата почна одморот, може да се врати во родниот Сомбор, а на прес-конференцијата даде помалку разочарувачки одговор за српските симпатизери на кошарката. Јокиќ засега не знае дали ќе настапува за Србија на претстојните Олимписки игри во Париз, што би било огромен хендикеп за актиелните светски вицешампиони.
„Не знам, морам да размислам“, беше краткиот одговор на српската суперѕвезда.
Како што е познато, Јокиќ лани одлучи да не настапува на Светското првенство на кое Србија се бореше за златниот медал, но се задоволи со сребро, по што се поставуваше прашањето дали Орлите би биле златни доколку играше и Јокиќ.
На кошаркарскиот турнир во Париз, Србија е во група со фаворитот САД и Јужен Судан, а се чека и четвртиот противник кој ќе се добие по летниот бараж.