ИЗЛЕГОА КОЕФИЦИЕНТИТЕ ЗА НАСЛЕДНИК НА СЛОТ
Објавено на: 22.11.2025
Притисокот кон Арне Слот дополнително се зголеми по катастрофалниот пораз на Ливерпул дома против Нотингем Форест, а кај англиските букмејкери веќе се појавија и имињата, но и коефициентите за наследник на Арне Слот.
Ливерпул има само една победа на последните седум лигашки натпревари, наоѓајќи се на вториот дел од табелата по 11 натпревари, нешто што никој не го предвидуваше по летниот трансфер период во кој потрошија 450 милиони фунти.
Црвените по сите најави немаат намера да го менуваат Холанѓанецот, но притисокот на Енфилд се зголемува и следните натпревари можат да бидат одлучувачки околу тоа дали соработката ќе продолжи или не. Во меѓувреме, букмејкерите во Англија не седат мирни и излегоа потенцијалните наследници и коефициенти за нивно седнување на клупата на Енфилд.
Предводник е Јурген Клоп на кого му даваат 5.00 коефициент, додека втор е Оливер Гласнер од Кристал Палас со 6.00. Трет според коефициент е Андони Ираола од Борнмут, а на Шпанецот му се дава коефициент 7. Следни се Емери и Нагелсман од посериозните имиња, додека се останато е повеќе во делот „да се пополни табелата“ бидејќи има имиња како Симеоне, Покетино, Чаби Алонсо и Зинедин Зидан.
Доколку си фан на Ливерпул, отвори кај нас на Фејсбук и под линкот пиши ни го твојот посакуван заменик доколку мислиш дека Слот треба да си замине.