Тенис

ИВАНИШЕВИЌ ЗАСТАНА ЗАД ЃОКОВИЌ: КОЈ ГО ОТПИШУВА НЕ ГО РАЗБИРА ТЕНИСОТ

Легендарниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ уште еднаш застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ, испраќајќи јасна порака до сите што сметаат дека Србинот е веќе „минато“.

Иванишевиќ, кој со години беше дел од тимот на Ѓоковиќ, вели дека таквите проценки се далеку од реалноста.

Го познавам Новак многу добро. Во неговиот речник не постојат зборови како „не можам“ или „невозможно“. За него сè е можно.

Според него, токму тоа е разликата што го прави Ѓоковиќ посебен.

Слушам разни таканаречени експерти како постојано го отпишуваат. Искрено, не знам дали воопшто го следат тенисот како што треба. Него го движи љубовта кон играта, ужива да се натпреварува и да победува.

Иванишевиќ откри дека Ѓоковиќ има јасна цел да продолжи да игра барем до Олимписките игри, а можеби и подолго. И покрај новата генерација, која полека го презема врвот, хрватскиот ас е убеден дека Ѓоковиќ сè уште припаѓа таму.

Тој секогаш ќе биде меѓу најдобрите. Погледнете, одигра толку турнири, а пак е трет на светот. Да, тука се Синер и Алкараз, тие се нова димензија и Зверев е постојано близу. Но Новак е нешто друго.

На крајот, пораката е јасна од Хрватот до сите критичари.

Тој е најголемиот на сите времиња и никогаш не смеете да го отпишете кога станува збор за трофеи.