ДОДЕКА МЕСИ ЧЕКАШЕ ДА СЕ ВРАТИ НА ТЕРЕН, НЕГОВИОТ СОИГРАЧ ПОСТИГНА РЕМЕК-ДЕЛО ОД СЛОБОДЕН (ВИДЕО)
Објавено на: 12.05.2024
Во редовите на Интер Мајами, Лео Меси не е единствениот кој знае да постигне велемајсторски погодок од слободен удар. Тоа го докажа Матијас Рохас, кој при негатива од два гола во дуелот против Монтреал, изведе фантастичен удар од околу 30 метри со неговата лева нога, слично во стилот на Меси.
Интересно е што Меси ги изведува сите прекини во Мајами, но за овој слободен беше надвор од игра бидејќи неколку минути претходно мораше на кратко да го напушти теренот поради интервенција откако врз него беше направен фаул.
На Аргентинецот не му беше јасно зошто не може да се врати во игра за да го шутира слободниот, туку судијата му дозволи да се врати на теренот дури откако Рохас го изведе слободниот удар, а овој ја оправда одговорноста да изведе прекин на најдобар можен начин. Со овој одличен подогок Рохас го најави камбекот на Мајами, кој и го остварија гостите со конечни 3-2.
Matias Rojas doing his best Messi FK impression 🎯
(via @MLS)pic.twitter.com/Eq3ggYFx13
— B/R Football (@brfootball) May 12, 2024