Фудбал

ИНТЕР ГО ВРАЌА КАНСЕЛО ВО ЕВРОПА?

Интер сериозно притиска за ангажман на Жоао Кансело во јануарскиот преоден рок и работи интензивно на реализација на трансферот што е можно поскоро.

Според информации на Газета дело спорт, раководството на клубот е во постојан контакт со агентот на португалскиот репрезентативец, Жорге Мендеш, разговори кои се воделе и во последните часови од старата година, но продолжиле и денес.

Целта на Интер е јасна: да се постигне договор што е можно побрзо, со што Кансело би му бил ставен на располагање на тренерот Кристијан Киву како вистинска опција за десната страна во формацијата 3-5-2, позиција која сега ја менува единствено Луис Енрике, бидејќи првата опција Дензел Дамфрис правеше операција на скочниот зглоб и нема да биде во комбинација до март, а Дармијан, како можна замена е повреден веќе подолго време. Јануари носи неверојатно згуснат распоред со осум натпревари во само 24 дена, а Интер сака Кансело да биде подготвен и регистриран за дербито за Скудетото против Наполи на 11 јануари.

Иако желбата за повторно соработка е взаемна, операцијата е сè само не едноставна. Главната пречка е неговата годишна плата од околу 15 милиони евра во Ал-Хилал. Интер нуди позајмица и инсистира саудискиот клуб да преземе значителен дел од неговите примања за зделката финансиски да биде одржлива. Со агресивниот пристап, миланскиот гигант се надева и дека ќе ја победи конкуренцијата од Барселона и Бенфика, клубови кои внимателно ја следат ситуацијата по конфликтот што Кансело го имаше со Симоне Инзаги во Ријад.

За Киву, ангажирањето на искусниот Португалец би било огромно засилување, играч кој веднаш носи квалитет, тактичка флексибилност и искуство на највисоко ниво