ВРЕМЕ Е ЗА НОВА ДОБИВКА – ИГОР СОСТАВИ НОВ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТОТ ЗА ОВОЈ ВИКЕНД
Објавено на: 03.10.2025
Фудбалскиот викенд пред репрезентативната пауза е исполнет со прилично многу интересни и надежно возбудливи натпревари. Нашиот билтен нуди стотици игри и привлечни коефициенти, но Игор Трпески одвои само шест пара со кои ќе брка солидна добивка.
Ова е неговата комбинација за викендов:

МАН. ЈУНАЈЕД – САНДЕРЛЕНД: Победа домаќин и 1+ гола во второ
Речиси никој не можеше да предвиди дека по 6 кола Јунајтед ќе биде дури девет места подолу од Санделенд на табелата во Премиер лигата. Четири бода е разликата меѓу двете екипи, а Црните Мачки на „Олд трафорд“ доаѓаат со многу самодоверба бидејќи се во серија од четири меча без пораз. Избраниците на Аморим уште се во топло-ладна форма, но за нив ова е ретка прилика во која имаат добри шанси да ја оправдаат фаворитската улога.
АСТОН ВИЛА – БАРНЛИ: Домаќинот да постигне меѓу 2 и 5 гола
Вила во вистински момент влезе во победнички ритам – двапати славеше во Лигата на Европа, а по сефте триумфот во првенството, на ред дојде и Барнли да биде „нокаутиран“ во Бирмингем. Сепак, наместо победник, од тимот на Емери се бара да биде ефикасен и да постигне најмалку два, а најмногу пет погодоци.
РЕАЛ МАДРИД – ВИЉАРЕАЛ: 1+ гола во прво и 3+ гола во целиот натпревар
Нешто повеќе од два погодоци по натпревар е просекот на Реал од стартот на сезоната, отприлика колку што Кралевите просечно постигнуваа во последните пет средби против Виљареал. Нема причина тимот на Алонсо да не продолжи во голгетерски ритам и во овој дуел.
ИНТЕР – КРЕМОНЕЗЕ: Победа домаќин на полувреме и на крај
Интер фати залет и нареди четири победи во низа, па дуелот против Кремонезе им доаѓа како нарачан за играчите на Киву да продолжат во победнички ритам. Како најефикасен тим по пет кола во Калчото, од Нероаѕурите се очекува да ги обезбедат трите бода без многу проблеми, по можност уште во првото полувреме.
ЈУВЕНТУС – МИЛАН: Гол-гол
Милан го доби првото големо дерби сезонава и тоа против актуелниот првак Наполи, а во камбекот на Алегри во Торино не се очекува ништо помалку од драма. Јувентус е меѓу трите екипи кои уште се непоразени во Серија А, но пред нив е вистински тест во вид на моменталниот лидер во Калчото. Иако само еднаш во последните пет меѓусебни средби двете екипи постигнувале голови, Игор го бара токму тоа, ефикасно издание од двата трофејни клуба.
СТРАЗБУР – АНЖЕ: Победа домаќин
Најмладиот тим во Лига 1 и оваа сезона е тврд орев за повеќето француски екипи. Најлогичен тип беше да се игра на победа на Стразбур поради што Анже веќе пет натпревари не знае за победа, а Стразбур посакува да ја поправи формата откако славеше во три, но загуби два лигашки дуели во последните пет кола.

Сосема солидна потенцијална добивка се добива со нашиот стандарден влог од 200 денари, но доколку го користите кодот за брза уплата и го препишете нашиот предлог-тикет, можете да вложите колку што сакате.
КОД: 160547