ТИПУВАМЕ

ИГОР НАПАЃА НА ТРИ ФРОНТА ВО НОВИОТ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ

Евробаскетот, Ју-Ес Опен и мундијалските квалификации нудат широка палета на игри за овие неколку дена, а Игор Трпески успеа да ги најде најинтересните парови со кои состави нов предлог-тикет.

Игрите секако ги искористи од нашата богата понуда каде може да се најдат највисоките коефициенти.

Ова е неговата замисла:

ИТАЛИЈА – ШПАНИЈА: Вкупно поени помалку од 155,5

Дербито на денот на Евробаскетот со сигурност им припаѓа на Италија и Шпанија, во кое ќе се одлучува за второто место во групата Ц. Аѕурите моментално имаат подобар скор со 3-2 во меѓусебните дуели против актуелниот европски шампион, а во два од нив се постигнале повеќе од 160 поени. Сега се очекува цврстата одрбрана да го одлучи победникот, односно да не се постигнат повеќе од 155 поени.

ЃОКОВИЌ Н. – ФРИЦ Т.: Победа домаќин

Се предвидува нов пласман во полуфинале на американскиот гренслем за Ѓоковиќ, каде најверојатно ќе го чека Алкарас. Шансите за победа на српскиот тенисер му се даваат поради неговото педигре, но и фактот дека ги има добиено сите 10 дуели против Фриц, при тоа Новак загубил само еден сет во тие победи.

СИНЕР Ј. – МУСЕТИ Л.: Прв сет помалку од 9,5 гема

Првиот светски рекет без многу потешкотии ги доби двата меѓусебни дуели против сонародникот Лоренцо, па и сега не би требало да има многу проблеми во обидот да се пласира во полуфиналето на гренслемот во Њујорк. Синер до пласманот во четвртфиналето само еднаш го одигра првиот сет со повеќе од 9 гема, тој што го загуби од Шаповалов во второто коло, па затоа сега се очекува експресно водство на Италијанецот.

КАЗАХСТАН – ВЕЛС: Победа гостин

Велс би требало да го добие дуелот на двата противници на Македонија од квалификациската група Ј, откако славеше и во првата средба против Казахстан на стартот на мундоквалификациите. Иако тоа нема да бидат добри вести за нас бидејќи Македонија привремено би го загубила првото место во групата, Велс е во зицер ситуација за да освои три бода и не би требало да потфрли.

ХОЛАНДИЈА – ПОЛСКА: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме

Лалињата со евентуален триумф ќе ја преземат контролата во квалификациската група Г, но Игор бара да има барем по еден гол во двете полувремиња на средбата која ќе се игра на „Де Кујп“. Во четири од последните пет меча кои ги доби Холандија, само еднаш одлучил еден гол, додека останатите редовно биле со 2+ погодоци.

СЛОВАЧКА – ГЕРМАНИЈА: Реми или победа на гостинот и 2-4 гола

Речиси една деценија измина од последната меѓусебна пресметка на овие две селекции, но во овие квалификации се очекува сигурен почеток на Германците како главни фаворити во групата А. Иако Словаците паметат две победи против Германија кои сепак се остварени во пријателски дуели, средбите од натпреварувачки карактер редовно припаѓале на Германците. Нека биде така и сега.

За новиот предлог-тикет Игор повторно вложи 200 денари, а вие може да вложите колку што сакате доколку го искористите кодот за брза уплата и го одиграте нашиот тикет. Можете да го сторите тоа до вечерва до 20:29 часот, пред почетокот на првиот натпревар.

КОД: 54653