Фудбал

ХУЛИГАНОТ И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖУВА ДА ЖИВЕЕ ВО ИСТ СТИЛ

Беше тоа 2-ри април 1997-та година кога Македонија и ги помати сметките на Ирска за пласман на СП 1998, со победата од 3:2 во Скопје. Митко Стојковски ги претвори двата пенала во голови, а Ѓорѓи Христов „се продаде“ во Премиерлигата со прекрасниот гол со шут од 17 метри.

Еден друг момент го одбележа тој натпревар, а тоа е неверојатниот душмански старт на Џејсон МеКатир врз Артим Шаќири, кој беше пропратен со удар со колено меѓу препоните на Митко Стојковски. Хулиганот од Ирска беше исклучен, Македонија победи, Ирска не отиде на СП затоа што загуби во баражот од Белгија:

Истиот тој хулиган, продолжува да се однесува исто и во пензионерските лиги, против противници кои имаат дебело досие во Премиерлигата, кои се ѕвезди на светскиот фудбал:

Што би направиле вие, ако ве клоцне Џејсон МекАтир?