Фудбал

ХУЛИГАНИТЕ ГИ ВРАТИЈА ИНТЕРВЈУАТА ВНАТРЕ

Откако беше прекинато излагањето на Нуно Еспирито Санто по победата на Арсенал против Тотенхем со 3:1 и гостинскиот тренер требаше да почека да бидат стишени навивачите кои извикуваа погрдни зборови од трибините, Премиерлигата реши да ги врати интервјуата во затворен простор.

Само Скај Спортс и Бритиш Телеком ќе може да спроведуваат интервјуа во рамките на просторијата за изјави, како носители на ТВ правата за Премиерлигата, додека странските медиуми ќе имаат нивна посебна новинарска зона каде ќе може да разговараат со актерите по натпреварот.

Ќе помогне ли оваа рестрикција и ќе се стави ли некогаш крај на хулиганското однесување во светот на спортот?