ХОЛАНДСКИОТ СУДИЈА ИМ ВРАТИ НА ЧЕСИТЕ ЗА ЕЛИМИНАЦИЈАТА?
Објавено на: 04.07.2021
Во денот кога немаше исклучителен херој меѓу фудбалерите, се најде ли еден меѓу арбитрите?
Со несекојдневна грешка по која на Данска и беше доделен корнер, бесправно затоа што последен со топката играше Долберг, а по кој беше постигнат првиот гол на мечот, холандскиот судија Бјорн Кујперс директно влијаеше врз конечниот исход на мечот.
Controversial goal for Denmark, awarded a corner that was an obvious error, even #VAR has its limitations #CZEDEN #EURO2020
— David James (@jamosfoundation) July 3, 2021
Никој не може да каже како ќе се одвиваше мечот ако не беше доделен тој фамозен корнер, но останува нејасно и зошто пости ВАР системот, кој се гледа само во одредени моменти? Зошто на екипите не им се дозволи челинџ како во другите спортови?
