Фудбал

ХАЈДИ КЛУМ ПАК ЌЕ СЕ МЕША ВО ФУДБАЛСКИ МУАБЕТИ

Во петок, Вашингтон ќе стане „најважниот“ фудбалски град на светот поради ждребот за групната фаза од Мундијалот кој следи.

Овој настан ќе се одржи во 18:00 часот по средноевропско време, во центарот „Џон Ф. Кенеди“, каде церемонијата повторно ќе ја води познатата манекенка Хајди Клум, заедно со актерите Кевин Харт и Дени Рамирез. Церемонијата дополнително ќе биде збогатена со настап на големи музички ѕвезди како Андреа Бочели, Роби Вилијамс и Никол Шерцингер.

Овој настан нема да и биде прв на Хајди Клум која ја водеше истата во 2006 година за Светското првенство во нејзината Германија.

Во ждребот ќе учествуваат 48 репрезентации, а познато е која селекција во кој шешир се наоѓа.

Прв шешир: Канада, Мексико, САД, Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија и Германија.

Втор шешир: Хрватска, Мароко, Колумбија, Уругвар, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Иран, Јужна Кореја, Еквадор, Австрија и Австралија.

Трет шешир: Норвешка, Панама, Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Тунис, Брегот на слоновата коска, Узбекиста, Катар, Саудиска Арабија и Јужна Африка.

Четврт шешир: Јордан, Зеленортската република, Гана, Курасао, Хаити, Нов Зеленд како и бараж екипи од Европа, четири на број и две од интерконтиненталниот бараж.