ХАЛАНД И ПО НАТПРЕВАРОТ ГО ПОЗДРАВИ ГАБРИЕЛ
Објавено на: 19.04.2026
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, повторно беше во центарот на вниманието во дербито против Арсенал, освен со голот за победа и по судирот со Габриел Магаљаеш.
Сити славеше со 2:1 и сериозно ја намали предноста на Арсенал на врвот, а Халанд повторно се запиша меѓу стрелците.
Еден од клучните моменти на натпреварот беше директниот судир меѓу Халанд и Габриел. Во еден момент, дефанзивецот на Арсенал ја оттурна глава кон Норвежанецот, што предизвика реакции и од играчите и од навивачите.
Сепак, ниту судијата ниту ВАР не го оценија инцидентот како доволен за црвен картон туку двајцата добија само жолти картони.
По натпреварот, Халанд даде јасен став на прашањето дали Габриел требаше да биде исклучен.
Другите нека кажат дали требаше да заработи црвен картони. Имаше многу удирања, многу дуели, многу зборење, но на крајот јас постигнав гол и ја добив битката. Победата е она што се брои.
Тој алудираше дека Габриел можел да биде исклучен, особено ако тој и тимот реагирале подраматично, но останале приземни.