ЕВРО 24

ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА НА ГРУПА Д

Навидум лесна група, но интересно ќе биде да се види дали Австрија и Полска ќе им парираат на Лалињата и Триколорите. Австријците и Холанѓаните повторно се среќаваат во групите, заедно беа и на минатото ЕП во групата во која беше и Македонија, но сега имаат далеку посилни противници.

Кратката анализа е во продолжение, за да ви го олесни типувањето, да бидете подготвени кога ќе дојде редот за дуелите од оваа група или да се пофалите со некој факт повеќе кога ќе разговарате со блиските на оваа тема.

ФРАНЦИЈА

  • ФИФА ранг-листа: 2
  • Најдобар учинок: Шампиони во 1984 и 2000 година

Речиси две и пол децении Триколорите чекаат на континентална круна. Блиску до неа беа во 2016 година кога го загубија финалето од Португалија на домашно тло, меѓутоа настапот на Французите на минатото ЕП беше за заборав. Време е избраниците на Дешамп да се поправат, а она што од нив најмалку се очекува е да стигнат до полуфинале.

Коефициентот за Франција да биде во топ 4 е 1.60, но да бидеме реални, триколорите имаат тим и искуство за да се типува уште од сега дека тие ќе бидат шампиони ова лето во Германија, нели?

КЛУЧНИ ИГРАЧИ

Францускиот тим е „крем дела крем“, речиси на сите позиции и нормално дека Мбапе е првата ѕвезда на овој состав и од него ќе се очекува најмногу. Сепак, многу пати во минатото се покажало дека успехот на Франција зависи од играта на Гризман, кој секогаш е во животна форма кога го носи националниот дрес, а тие двајца секогаш имаат многу простор за игра кога Жиру е во шеснаесетникот и им отвара простор, за кого ова е последен голем настап во дресот на галските петли.

 

ХОЛАНДИЈА

  • ФИФА ранг-листа: 6
  • Најдобар учинок: Шампиони во 1988 година

Холанѓаните и медиумите во земјата на лалињата не веруваат дека можат далеку да стигнат, бидејќи репрезентацијата им е во фаза на транзиција со многу млади играчи кои полека, но сигурно ќе бидат предводници на репрезентацијата. Кога им е денот, Лалињата можат да се носат со велесила како Аргентина, но двата порази од Франција во квалификациите покажаа дека Холандија е под нивото на кое сме навикнати од минатото.

Затоа според нас реален тип би бил пласман во 1/4 финалето максимум, а коефициентот за таков епилог е 1.70 во нашата понуда.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ

Неспорно, најзвучното име е капитенот Ван Дајк, кој ќе биде срцето на одбраната заедно со Аке и Де Лихт. Многу ќе зависи успехот на Холанѓаните и од расположението на Френки Де Јонг, токму тој ќе треба да ги разигрува офанзивците, но влечењето на повредата можеби ќе влијае и на неговата, но и играта на целиот тим.

 

АВСТРИЈА

  • ФИФА ранг листа: 24
  • Најдобар учинок: 1/8 финале во 2020 година

Австријците го остварија нивниот најдобар успех на едно ЕП благодарение на победата над Македонија пред три години, но сега имаат далеку поквалитетни противници, а со тоа и помали шанси да го повторат пласманот во нокаут фазата. Нивна цел ќе биде третото место и што е можно повеќе освоени бодови, за да стигнат до следната рунда како најдобра селекција меѓу третопласираните.

Најмногу што може да се очекува од Австрија е токму пласман во 1/8 финале, коефициентот за таа игра е 1.90.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ

Давид Алаба и Марсел Сабицер се предводниците на оваа генерација. И двајцата имаат големо искуство, особено Алаба кој на ова ЕП ќе дојде како европски шампион, односно Сабицер како европски вицепрвак откако нивните екипи Реал и Дортмунд се сретнаа во финалето на ЛШ.

 

АВСТРИЈА

  • ФИФА ранг-листа: 28
  • Најдобар учинок: 1/4 финале во 2016 година

Полјаците преку баражот стигнаа до главниот турнир, а со самиот факт што се мачеа во квалификациската група каде беа фаворити, пред Албанија и Чешка, не им се пишува добро. Франција и Холандија во Полска ќе гледаат како противник преку кој ќе се набива гол-разлика, но меѓусебниот дуел со Австрија може да им ги отвори портите за евентуален пласман во нокаут фазата.

Доколку не веруваш дека можат да се носат со Австрија, нудиме супер коефициент дека ќе освојат помалку од три бода, одлични 1.90 за врзување со други парови од богатата понуда.

КЛУЧНИ ИГРАЧИ

Левандовски и Зјелински се носителите на репрезентацијата, но ќе им биде потребна помош од останатите играчи за да имаат успешен настапот на ова ЕП. Од втор план треба да помогнат Залевски, Милик и голманот Шчесни.

 

ДОКТОРСКО ПРЕДВИДУВАЊЕ

Не треба да се доведува во прашање редоследот во групата на првите две позиции, но доколку Холандија успее да заврши пред Франција тогаш „лалињата“ ќе имаат огромен ветар во грб. Сепак, ние веруваме дека триколорите ќе бидат први, Холандија втора, а третото место сепак ќе им припадне на Австрија.

 

ТИПОВИ ЗА ОВАА ГРУПА ОД СПЕЦИЈАЛНАТА ПОНУДА

Франција да постигне +5.5 гола во група

Шифра: 6481

Коефициент: 1.95

 

Холандија да биде втора во група

Шифра: 6483

Коефициент: 2.80

 

Дуелот Полска – Австрија да заврши без победник (Х)

Шифра: 1468

Коефициент: 3.35

 

Полска да промаши +4.5 шанси за гол во група

Шифра: 6456

Коефициент: 1.65