Кошарка

ГРЕГ ПОПОВИЧ Е НАЈДОБРИОТ РАСАДУВАЧ НА ПОТЕНЦИЈАЛИ ВО НБА

Американецот со балкански корени е клучната фигура во развојот на НБА лигата. Можеби не е најтрофеен, но сигурно е најдолговечен шампион преку Океанот, а воедно и најдобриот „професор“ на сите времиња.

Освен што произведе безброј ѕвезди од „шупелки“ кои никој не можеше ни да ги замисли да облечат НБА униформа, тој го пренесе знаењето и на стратезите кои седеа на клупата до него и го гледаа како работи.

Тренерите на двете екипи кои ќе играат во финалето сезонава, се од неговата школа – Монти Вилијамс играше под неговата палка од 1996 до 1998 и сега е тренер на Феникс Санс, додека Мајк Баденхолцер има 4 титули како асистент во периодот од 1996 до 2013 и сега е на чело на Милвоки Бакс.

Кога Баденхолцер го прашал Попович за совет, овој му одбрусил – Најди си начин самиот, како да победиш!

Легенда, нели?