Фудбал

ГОЛОТ НА МБАПЕ Е РЕГУЛАРЕН, БУСКЕЦ ГО ЗАБОРАВИЛ ОВЕРБО?

Објансување за ситуацијата во која се најде Мбапе, со победничкиот гол во финалето во Лигата на нациите против Шпанија:

„Тео Ернандез тргнува да ја додава топката, во тој момент Мбапе се наоѓа зад последната одбранбена линија на Шпанците, односно во офсајд. Кога Ернандез ја шутна топката кон Мбапе, дефанзивецот на Шпанија Ерик Гарсија се обидува да ја пресретне и ја допира.

Иако не стекнува посед и не ја контролира топката, сепак тој допир ја става играта во друга, нова фаза, во која напаѓачот Мбапе веќе не е во офсајд. Ова толкување на правилото офсајд е на сила околу 18 месеци. Голот на Мбапе, според книгите, е регуларен.“

Правилата и реалноста не се секогаш во корелација, но без правила нема да постои реалност. Правилата се исти за сите.

Најгласен во репликите по голот на Французите е Серхио Бускец, членот на „фамозната“ Барселона, кој како да го заборавил мечот на Стенфорд Бриџ во 2009-та и играњето ракомет на целата каталонска одбрана, против Челси, во шеснаесетникот.

Тогаш, но и во многу други ситуации потоа (глумата со Интер 2010-та) толкувањата на судиите (читај Оверебо и другите) не беа контроверзни, а сега толкувањето на ВАР собата полна со судии и комплетната судиска постава на теренот е контроверзно?