(ФОТО НА ДЕНОТ) КОЛКУ ШПАНЦИ СЕ ПОТРЕБНИ, ДА ГО ЗАДРЖАТ МБАПЕ?
Објавено на: 11.10.2021
Франција ја совлада Шпанија со 1:2 во финалето на Лигата на нациите, на Сан Сиро. Шпанците водеа, но триколорите успеаја да направат престврт и на крајот да се радуваат на првиот пехар во ова натпреварување, со што се првата нација која триумфирала на ЕП, СП и во ЛН.

Иако плачеа по голот на Килиан Мбапе, Шпанците се свесни дека според толкувањата, тој гол е кристално регуларен и нема што да се полемизира понатаму. Прашањето на денот е – колку Шпанци се потребни да го спречат Килијан Мбапе кога тој ја има топката?