ГОЛ СО ГРАДИ НА ВИНИСИУС (ВИДЕО)
Објавено на: 11.11.2023
Реал Мадрид има убедливи 2:0 против Валенсија со головите на Карвахал и Винисиус. Иако рака на срце и голот на Шпанецот беше навистина прекрасен и неверојатно прецизен, сепак се чини дека овој на Бразилецот ќе се врти на социјалните медиуми многу често кога ќе се спомне неговото име.
Родриго ја потегна по десната страна, Винисиус убаво се отвори во позадина, а долгата топка на неговиот сонародник не можеше никако поразлично да ја смести во мрежата на Мамадашвили освен со… Гради. 🙂
Погледнете.
VINICIUS!!! HOLD THAT VALENCIApic.twitter.com/LjMr4vHm7i
— Dr Yash (@YashRMFC) November 11, 2023