ЕНРИКЕ ГО БРКА МБАПЕ, ПОСЛЕ СЕ ЧУДАТ ЗОШТО САКА ДА СИ ОДИ
Објавено на: 12.11.2023
На долго и широко трае антолошкиот случај за љубовта меѓу францускиот напаѓач и клубот од неговата земја. Остани Крал на својот народ, му порачуваат, не заминувај во Реал Мадрид.

Како да останеш дома, кога и три гола ќе дадеш на еден меч, a оние кои треба да ти се потпора, те критикуваат. Ова се зборовите на Луис Енрике:
Не сум среќен за играта на Килијан. Нема што да кажам за головите. Но, тој може многу повеќе да и помага на екипата, на различни начини.
Тој е играч од светска класа, сакаме повеќе од него и затоа прво ќе зборувам со него приватно.
Повеќекратно вербално убиство на тренерот на париската екипа – Нема да зборува прво со Мбапе, затоа што веќе се истрча во јавноста. Три гола му се малку, за да биде задоволен.
Проблемите од минатото лето сега се заборавени. Се фокусирам на играње фудбал бидејќи веќе има премногу гласини. Ви дозволувам да зборувате за другите работи, добро го правите тоа. Среќен сум со хет-трикот, но сакам само да му помогнам на тимот. – изјави Килијан Мбапе.
Што друго да направи? Да брани? Да игра во петерецот на Донарума? Да трча на раце?
