Фудбал

ГОЦЕ СЕДЛОСКИ СЕ ВРАЌА НА КЛУПАТА НА ВАРДАР

Поминаа седум години од последниот натпревар на Гоце Седлоски како тренер на Вардар, кој од денес е именуван повторно за кормилар на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Иако има изминато само 13 кола, Вардар може да се пофали со најмногу сменети тренери оваа сезона во Европа, па можеби и пошироко. По поразот на Вардар во неделата од Пелистер, клубот ја раскина соработката со Срѓан Захариевски кој дојде како замена за Горазд Михаилов.

Дали ќе му се посреќи на Седлоски како во првиот наврат, кога освен што го донесе Вардар до титула, го однесе и до историскиот пласман во групната фаза на Лигата на Европа, останува да видиме.