ГАВИ И БЕЛИНГАМ – ФУДБАЛОТ ИЗВАДЕН ОД КОНТЕКСТ?
Објавено на: 12.04.2022
Медиумите создаваат и уништуваат спортисти, како и се друго во современиот живот, кој е под максимално влијание на „информациите“ и „анализите“ кои се шират преку меинстрим платформите.
Една таква завеана приказна, е споредбата меѓу Гави од Барселона и Џад Белингам од Борусија Дортмунд:
Џад Белингам има 18 гола и асистенции комбинирано, во рамките на сите натпреварувања во кои настапува сезонава, во дресот на Борусија Дортмунд. На 35 меча, скоро 19-годишникот има 6 гола и 12 асистенции, реализирани од средниот ред на бундеслигашот.
Од друга страна, најголема приказна за играчот на Барселона и новата надеж на каталонскиот (пара?)гигант, беа одврзаните копачки со кои тој играше:
Гави сезонава има постигнато 2 гола на 36 одиграни средби, со 5 асистенции. Скоро 18-годишниот фудбалер исто така игра во средниот ред, но има далеку поофанзивни задачи, од фудбалерот со кој го споредуваме во оваа анализа.
Споредбите се неблагодарни, но Бундеслигата и Ла Лига се на исто рамниште, според што, ако ги земеме в предвид бројките, може да се каже дека Белингам е далеку подобар фудбалер од Гави?

