ФУДБАЛСКИ РЕГУЛАТОР ЌЕ ГИ БРАНИ АНГЛИСКИТЕ КЛУБОВИ ОД СУПЕРЛИГАТА
Објавено на: 23.02.2023
Англиската влада го одобри предлогот доставен од група фудбалски фанови, кој се однесува на заштита на домашниот фудбал од претензиите на евентуалната Суперлига, за која повторно се најауваат шпекулации.
Ќе биде оформен нов регулатор на англискиот фудбал, независен, кој ќе има задача да ги блокира ваквите обиди за отцепување од англиското првенство. Воедно, ќе се превенира гаснењето на историските англиски клубови и ќе им се даде на навивачите поголема улога во креирањето на клупските политики.

Овој чекор, како што велат претставници на англиската влада, ќе биде направен со цел да се заштити англиското фудбалско културно наследство.
Главните цели, се:
1. Забрана за англиските клубови да бидат дел од затворени монополски првенства.
2. Заштита од финансиски колапс на клубовите и нивно исчезнување од мапата.
3. Нов тест за сопствениците, кои ќе мора да ги заштитат клубовите и навивачите.
4. Моќ на навивачите да одлучуваат за промена на клупските бои, грб и име.
5. Фер дистрибуција на финансиски средства почнувајќи од Премиерлигата, во сите лиги и кон сите клубови.
Ова го презема владата на Англија, за заштита на своето. А, ние, како сме?