Фудбал

ФОТО ЗА ВЕЧНОСТА: МЕСИ И КОМПАНИЈА МУ СЕ ПОКЛОНИЈА НА МАРАДОНА

Аргентина и Чиле играа 1:1 во квалификациите за СП, гаучосите се на втората посиција со 11 бода од 5 натпревари, зад Бразил со 12 од 4.

Пред почетокот на мечот, репрезентативците на оваа земја му се поклонија на славниот Диего Армандо Марадона, со посвета на дресовите на која пишуваше „Од 1960-та до вечноста“ алудирајќи на годината на неговото раѓање и статусот кој го има фудбалското божество.