ФОРМУЛА 1 ЌЕ СЕ ДВИЖИ НА ХИДРОГЕН
Објавено на: 16.07.2021
Според шефот на Ф1, Рос Брон, можно е болидите во иднина да се движат на хидроген. Главна цел на овој спорт е да се одржи на нивото на кое се наоѓа, а воедно и да постигне нето-нулта емисија на јаглерод диоксид до 2030-та година.
Хидрогенот е најверојатниот дериват кој ќе го задржи природниот звук на Ф1 болидите. Така ќе ја задржиме и емоцијата во нашиот спорт, но со поинакво решение.
Инженерот на 7-те титули на Михаел Шумахер, изјави дека не се размислува за воведување на целосно електронски возила во Ф1.