Фудбал

ФЕРНАНДИЊО ЕДВАЈ СЕ ВОЗДРЖА ДА НЕ ГО ИСТЕПА СУДИЈАТА (ВИДЕО)

Фернандињо, поранешниот фудбалер на Манчестер сити и член на бразилски Атлетико Параненсе, едвај се воздржа да не го удри судијата за време на дуелот против Операрио.

Играчот за врска во моментот кога додаде, судијата истрча пред топката и го пресече додавањето, влијаејќи врз играта и така спречи напад на домаќините. Согласно правилата, судијата ја паузираше играта и ја врати топката во посед на Атлетико, но Фернандињо тргна агресивно кон него и со гестикулации со рацете за момент посака да го удри бидејќи му спречи перфектно додавање во простор и евентуална шанса за гол.