ФАТЕН НА ДЕЛО СО КОЛЕШКА, ЌЕ ЛЕТА ОД РАБОТА?
Објавено на: 22.09.2022
Тренерот на Бостон Селтикс се соочува со долга казна, а најверојатно, како краен епилог на случајот, и ќе ја загуби работата како прв стратег на една од двете најтрофејни НБА франшизи. Ова му се случува поради интимна врска со една од колешките од истата организација.

Во НБА лигата, блиски врски меѓу членови на една франшиза не се дозволени и се сметаат за прекршување на етиката и кодексот на „фирмата“. Во моментов му се подготвува дисциплинска постапка и ако се докаже дека Име Удока направил прекршок, ќе се соочи со суспензија.

Се уште нема финални моменти, но американските медиуми шпекулираат дека Удока ќе биде во аут најмалку до крајот на сезоната 2022/23. Името на колешката не се споменува. Асистентот Вил Харди замина за Јута Џез, а главен кандидат за прв тренер е асистентот Џо Мацула.