Фудбал

ЕЖЕЊЕ! КОРЕОГРАФИЈАТА НА МИЛАН НА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ НА САН СИРО

Со легендарната Forza lotta или во слободен превод „Ајде бори се“ и со спектакуларна кореографија на легендарниот стадион Сан Сиро, миланезите го прославија последниот меч оваа сезона, во кој дојдоа до победа и сега им треба само уште еден бод во последното коло за да ја освојат титулата во Серија А, ппрва по 2011-та година.

Маркетинг директорот на Милан, Питер Морган во својот твит призна дека тој момент, планирањето и изведбата на она што се гледа на видеото, е хајлајт на неговата кариера. Дали Милан ќе му врати со титула, нему и на верната црвено-црна армада?