ЕВРА МУ ИСПРАТИ ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА РАШФОРД ПО ВРАЌАЊЕТО
Објавено на: 20.08.2026
Маркус Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед откако Барселона одлучи да не го откупи неговиот договор, а легендарниот Патрис Евра смета дека Англичанецот сè уште може да биде важен играч на клубот. Сепак, му порача дека за тоа ќе мора целосно да го промени пристапот.
Рашфорд го напушти Јунајтед откако беше тргнат од првиот тим од Рубен Аморим во декември 2024 година. Следуваше позајмица во Астон Вила, а потоа и привремен трансфер во Барселона.
Во Шпанија повторно ја пронајде формата и сезоната ја заврши со 14 голови и 14 асистенции, помагајќи ѝ на Барселона да ја освои Ла Лига. Сепак, каталонскиот клуб одлучи да не го задржи и наместо него го ангажираше неговиот репрезентативен соиграч Ентони Гордон.
По враќањето во Манчестер, ситуацијата за Рашфорд е значително поинаква. Новиот тренер Мајкл Керик повторно го вклучи во првиот тим и му даде шанса во подготовките за новата сезона.
Според Дејли Мејл, Рашфорд со својот однос по враќањето сериозно ги импресионирал луѓето во клубот, а сега постои реална можност да остане во Јунајтед.
За неговата ситуација зборуваше и Патрис Евра, кој смета дека најважно е Рашфорд да заборави на сè што се случувало претходно.
Ако Маркус се врати и заборави дека бил играч од академијата на Манчестер Јунајтед и дека е од Манчестер, тогаш може да биде одличен.
Според поранешниот француски репрезентативец, токму поврзаноста на Рашфорд со клубот создава дополнителен притисок. Навивачите од него очекуваат повеќе и многу побрзо реагираат на секоја негова грешка.
Треба да се намали притисокот. Кога навивачите ќе видат дека не направил некоj спринт или нешто слично, веднаш ќе го обвинат. Да сум тренер, јас би го сакал Маркус во мојот тим.
Тој смета дека клучна ќе биде комуникацијата меѓу Рашфорд и Керик.
Евра верува дека тренерот мора да му покаже доверба и да го убеди да ги игнорира медиумите и притисокот што го следи секој негов настап.
Сакам најдобро за Маркус Рашфорд бидејќи тој сè уште го има тоа во себе и сите го знаеме. Не е стар играч.
Рашфорд сега би можел практично да биде ново засилување за Јунајтед и да понуди дополнителна опција на левата страна или во центарот на нападот.
Евра го коментираше и досегашниот преоден рок на Јунајтед. Задоволен е од пристигнувањето на Јури Тилеманс и Андре Сантош, но смета дека клубот морал посериозно да се обиде да донесе врвен напаѓач.
Како идеално решение го посочи Виктор Осимен, а нагласи дека на Јунајтед му се потребни уште засилувања во средниот ред и на левата бековска позиција.