Фудбал

ЕВЕ ШТО КАЖА СПАЛЕТИ ФИЛОЗОФОТ НА ПРВИОТ ПРЕС

Лучијано Спалети, на првата прес-конференција како селектор на Италија даде многу насоки на увид, за тоа што очекува од селекцијата под неговата диригентска палка.

Накратко, ова се насоките:

• повикување играчи по заслуга, наместо по име и презиме
• сака да се игра фудбал во кој сите ќе уживаат
• очекувајќи среќа кај своите играчи
• почнува со форматот 4-3-3
• мисли дека има еден од најдобрите средни редови

Еве ги најдобрите цитати:

Ова е сон што започнува од 1970 година кога мајка ми соши големо знаме за да ја прославам таа фантастична победа од 4:3 против Германија. Ќе го изнесам тоа знаме на теренот и се надевам дека повторно ќе го разгорам тој сон кај илјадниците деца кои го ја гледаат селекцијата.

Се осврна и на натурализираните играчи:

Не е местото каде што сте родени, она што го открива племето од кое потекнувате, туку таму каде умирате – тоа е една стара индијанска поговорка. Затоа треба да погледнеме што нудат и другите делови на светот. Она што е важно, е волјата да се претставува нашата историја.

За себе, ќе каже:

Можеби нема да бидам најдобриот можен тренер за Италија, но дефинитивно ќе бидам најдобриот можен Спалети.

Дали Лучијано е најсреќниот избор за предводник на оваа италијанска селекција?