Кошарка

ЕВРОЛИГАТА ПРОШИРЕНА НА 20 ЕКИПИ

Управата на Евролигата на денешниот состанок одлучи да го прошири првенството на 20 екипи-учесници кои ќе се борат за титулата веќе од сезоната 2025/26.

Откако Алба Берлин го напушти шампионатот и се пресели во ФИБА Лигата на шампионите, остана простор за Дубаи и Валенсија да се приклучат заедно со освојувачот на Еврокупот Хапоел Тел Авив.

Во меѓувреме, српските гиганти Црвена звезда и Партизан добија тригодишни лиценци, па за учество во следната сезона ќе платат по 750.000 евра и дополнителни 250.000 евра за судиски трошоци.

Со проширувањето, се зголемува и бројот на колата, односно наместо 34 ќе се играат 38 кола во регуларниот дел.