Фудбал

ЕПСКАТА ПОБЕДА НА МИЛАН ЗНАЧИ САМО ЕДНО?

Емполи не е предизвик од најголемите, но бодовите против најмалите се крицујални во битката за трофеите. Тоа го признаваат сите тренери, стратези и познавачи на фудбалот.

Мечот во Тоскана имаше луда завршница. Прво Ребиќ погоди за 0:1 во 79-та минута, Бајрами изедначи со прекрасен гол од слободен во 92-та, веднаш откако тргна од центарот Милан поведе со 1:2 (’94) преку Бало-Туре, за Леао во следната прилика (’97) да стави точка од контра за конечните 1:3.

Милан ја брани титулата, Интер засега игра очајно, Јувентус се бори во средината на табелата. Ќе се разбудат ли великаните? Дали Наполи и Рома се ривалите за скудетото? Или Милан ќе го одбрани пехарот? Нова возбудлива калчо сезона?