Фудбал

ДВАТА ПИЛАРА НА НОВИОТ ИТАЛИЈАНСКИ СТИЛ

Во 1988-та и во 1990-та заедно претрпеа тешки порази со националниот состав, како играчи. Испаднаа во две последователни полуфиналиња, прво на европското, а потоа на светското првенство.

Во 2017-та на Џанлука Вијали му беше дијагностициран рак на панкреас. Две години подоцна, додека се уште одеше на третмани, неговиот стар другар Роберто Манчини го повика во стручниот штаб.

Во 2020-та, можеби најтешката година во поновата историја на Италија, која беше разнесена од корона-кризата, Вијали се ослободи од ракот.

На претходниот натпревар на ова ЕП, тој и Манчини, заедно, ја предводеа Италија до нов национален рекорд – 31 редоследен меч, без пораз…