Фудбал

ДВАТА ДЕБИ ГОЛА НА ХАЛАНД ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА (ВИДЕО)

Не му требаше многу на Норвежанецот да го запише својот првенец во Премиер лигата.

Манчестер Сити славеше на незгодното гостување во Лондон кај Вест Хем со 0:2, а двата гола беа постигнати од нивното најголемо засилување за оваа сезона.

Првиот од пенал кој самиот го заработи и му се спротистави на „непишаното фудбалско правило“:

И вториот по неверојатната асистенција на Кевин Де Брујне кој испрати топка „со очи“ до Халанд:

До колку ќе брои Халанд во Премиер лигата оваа сезона?