ДОНЧИЌ (СЕ УШТЕ) НЕ Е ДОРАСНАТ НА ПРЕДИЗВИКОТ?
Објавено на: 27.05.2022
Екипата на Голден Стејт го елиминира Далас со 4:1 во Западното финале, по победата 120:110 во петтиот натпревар и се пласира во големото финале каде ќе се бори за трофејот Лери О’Брајан.

Лука Дончиќ помина скоро 40 минути на паркетот, што беше најмногу во неговата екипа, што не му е проблем со оглед на младоста, постигна 28 поени и беше втор стрелец на натпреварот.

Но, на словенечкиот интернационалец му недостасува завршниот момент кој е потребен за големи нешта, односно за титулата. Тој е лидер на Маверикс, кој сепак има уште многу да научи.
this is what happens when you hang your head and dont run back on defense. pic.twitter.com/46DFqE7NIQ
— Rob Perez (@WorldWideWob) May 27, 2022
Напредува од сезона во сезона – во првата беше дебитант на сезоната, во втората елиминиран во 1-то коло од Клиперс со 4:2, во третата во истата рунда со 4:3, а сезонава играше конференциско финале.

Колку ќе му треба на Лука да созрее и да ја освои титулата, да ја повтори шампионската 2011-та на Далас во која царуваше Дирк Новицки? Кога би можел Словенецот да освои прстен?