ПОТПИШАН НАЈБОГАТИОТ ДОГОВОР ВО ИСТОРИЈАТА НА НБА
Објавено на: 02.07.2024
Американските медиуми доцна во ноќта пренесоа дека Џејсон Тејтум и Бостон селтикс ја продолжија соработката на уште пет години, по што ѕвездата на актуелниот шампион стана најплатен кошаркар во историјата.
За пет години Тејтум ќе заработи неверојатни 314 милиони долари, надминувајќи го договорот на неговиот соиграч, Џејлен Браун, кој лани потпиша договор вреден 304 милиони долари.
Двајцата најплатени кошаркари го предводеа Бостон со рекордната 18-та титула во НБА, кога пред неколку недели го надиграа тимот на Далас во финалната серија.
Во регуланиот дел од актуелната сезона, Тејтум во просек постигнуваше 26.9 поени, 8.1 скока и 4.9 асистенции по натпревар, додека во плејофот одржа просек од 25 поени, 9.7 скока и 6.3 асистенции.