ДОДЕКА ДРУГИТЕ МИСЛАТ НА НЕГО И ЗА НЕГО…
Објавено на: 23.07.2022
Кристијано Роналдо ги живее последните три години од четвртата деценија, што за еден фудбалер, на денешно професионално ниво, е скоро незамисливо. Да, има и други кои се на неговата возраст, но нема други кои се физички и ментално подготвени како него.

Португалскиот ас има 37 полни години и настапува за екипата на Манчестер Јунајтед, каде се врати од Јувентус, каде премина од Реал Мадрид, каде замина од Манчестер Јунајтед, каде дојде од Спортинг Лисабон, со што се затвора кругот на екипите за кои тој играл.

Каде и да настапува(л), Кристијано Роналдо секогаш дава(л) се од себе, без разлика дали тоа е дресот на клубот или дресот на португалската селекција. Тој ја прави екипата подобра, остварувајќи резултати и поместувајќи граници за кои ретко кој може да сонува.
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) July 23, 2022
Додека другите мислат на него – неговите душебрижници и обожаватели, односно додека другите мислат на него – неговиот тим што работи околу него, Кристијано Роналдо работи на она што го знае најдобро и она што го прави најдобро – се труди да изгледа најдобро и да даде најдобар перформанс од себе…