Мотоспорт

ДОЦНИМЕ СО КИЛОМЕТРИ!

Луис Хамилтон беше видно фрустриран по доминацијата на Ред Бул на Австриското ГП на кое Мaкс Ферстапен ја забележа третата победа по ред, вкупно 5-та сезонава и води во генералниот поредок со 182 бода, +32 пред актуелниот светски шампион.

Фрустрирачки е кога ќе загубиш толку многу даунфорс на задниот дел, да не можеш да го одржиш ритамот за втората позиција. Не одев преку тротоарите повеќе од кој било друг возач, па не знам зошто се случи дефектот.

Доцниме со километри зад Ред Бул, потребна ни е општа тимска мобилизација. Противникот има многу подобрувања на болидот, а ние немаме никаков напредок.

Хамилтон беше во обид да се искачи на подиумот како второпласиран, но неговиот Мерцедес претрпе дефект и тој се излизга од патеката, по што ја заврши 9-та трка сезонава на 4-та позиција. Британецот има три победи во досегашниот тек од шампионатот.