Фудбал

ДЕШАМП БЕЗ ТЕО ХЕРНАНДЕЗ НА ЕУРО?

И покрај одличната сезона во дресот на Милан со кој е на „чекор“ од пласман во Лигата на шампионите, селекторот на Франција Дидие Дешамп нема да смета на бекот на росонерите на претстојното Европско првенство.

Според Газета дело спорт, Дешамп нема да го повика Тео ниту на поширокиот список на фудбалери. Официјална потврда се очекува наскоро.