Фудбал

ДЕНОТ КОГА ШЕВЧЕНКО ГО ПОБЕДИ ЗЛАТАН

Двајцата миланези, едниот сегашен, едниот поранешен, се сретнаа во дресовите на нивните репрезентации на ЕП во првото коло во групата Д.

Славеше украинскиот голгетер кој во тоа време се врати во Динамо Киев, по блескавата кариера во Милано и кратката посна авантура во Челси.

Украина победи со 2:1, двата гола за домаќинот на шампионатот ги постигна големиот Андриј, а голот за трите круни беше дело на ѕвездата во подем, Ибрахимовиќ.

Но, и двете селекции испаднаа по групната фаза, од која понатаму продолжија Англија и Франција. На крајот, шампион беше Шпанија, која ја прегрме Италија со 4:0.