ДЕНОТ КОГА МУРИЊО ГО УРНА КВАЗИ-МИТОТ ЗА БАРСЕЛОНА И ПОСТАВИ СВЕТСКИ РЕКОРДИ
Објавено на: 02.05.2022
На денешен ден, во сезоната 2011/12, Реал Мадрид ја освои 32-та титула во историјата, со импресивен учинок во текот на целиот шампионат. Тоа беше втора од трите сезони на Жозе Мурињо, на клупата на најтрофејната европска екипа.

Во првата го градеше тимот и ја коваше стратегијата, а во втората ги остави сите подзинати – имаше најмногу победи во Ла Лига (32), најмногу гостински победи (16), најмногу бодови во Топ 5 лигите (100), најмногу Ла Лига голови (121) и најголема гол-разлика (+89).

Реал ја заврши сезоната на 13-ти мај со +9 пред Барселона и ја освои титулата за првпат по 4 сезони. Но, соблекувалната на Кралскиот клуб и раководната канцеларија, како и секогаш, беа преполни со суети кои не дозволија овој успех да трае, туку го изгасија.

Мурињо тогаш изјави – Рамос и Касиљас не се поголеми од клубот, Роналдо мисли дека знае се и не сака да прифати конструктивна критика, Барселона е фаворизирана во Шпанија и во Европа, следната сезона ќе биде моја последна во Реал Мадрид. Така и беше…