Фудбал

ДЕЛ ПИЕРО: ИНТЕР ИГРА ДОСАДНО

Голема сензација ја одбележа шеснаесетфиналната рунда од Лигата на шампионите. Норвешкиот Бодо/Глимт го елиминираше Интер и ја продолжи својата неверојатна европска приказна. По победата на домашен терен, Норвежаните славеа и на Џузепе Меаца со 2-1 и така го потврдија пласманот во следната фаза.

Испаѓањето на италијанскиот гигант предизвика вистинска бура на Апенините. Социјалните мрежи и медиумите се преплавени со критики и разочарување бидејќи елиминацијата од тим кој важеше за аутсајдер на хартија многумина ја доживеаја како срам.

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро, не штедеше зборови.

Интер направи малку. Ваквите натпревари мора да се одиграат сериозно, а Интер беше под своето ниво, играа досадно. Мора да бидат страшно разочарани, не направија ништо конкретно за да ја запалат публиката, да го разбудат стадионот, да добијат крилја. Вечерва Интер одигра просечен натпревар. Често тоа им е доволно, но вечерва сè тргна наопаку.

Дел Пиеро отиде чекор понатаму и направи споредба со својот поранешен клуб.

Да бидеме реални, тие го немаат тој италијански шмек што го има Јувентус. Ако сакате да излезете како победници, ваквите натпревари мора да ги играте со гордост. А Интер тоа го немаше.