ХОЛАНДСКИОТ СТОПЕР ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ТРАНСФЕР НА „ОЛД ТРАФОРД“
Објавено на: 03.07.2024
Матајс Де Лихт е желбата на Тен Хаг како големо засилување на Манчестер јунајтед за ова лето, а стоперот веќе дал зелено светло да се отворат преговори околу потенцијалниот трансфер.
Де Лихт е незадоволен во Баерн и посакува да ја смени средината по завршувањето на Европското првенство, а токму Црвените ѓаволи покажаа интерес и во него гледаат како идеална замена за Рафаел Варан.
Според англиските медиуми, Баварците би го пуштиле Де Лихт да замине за само 40 милиони фунти, иако пред две години потрошија 20 милиони фунти повеќе за неговиот потпис.
На ред е Јунајтед да направи конкретни чекори кон овој ангажман.