ДАЛИ СТЕ ПРИМЕТИЛЕ: СОИГРАЧИТЕ НЕ МУ ПОДАВААТ НА ХОЈЛУНД?
Објавено на: 16.05.2024
Само контроверзи и бизарни ситуации го следат Манчестер Јунајтед во последните неколку сезони, а оваа се чини дека ја достигнува кулминацијата.
Најновиот „трач“ муабет од редовите на црвените ѓаволи е дека соиграчите не биле убедени во квалитетите на Расмус Хојлунд, па не му подавале за време на натпреварите. Тоа го објави новинарот на Manchester Evening News, Самуел Лукхрст, кој според доброупатени извори објави дека соиграчите го бојкотираат Хојлунд и не му додаваат.
Ваквата приказна добива на важност доколку се земе во предвид дека до пред вчерашниот натпревар, Хојлунд имаше постигнато само 1 гол на 10 натпревари, а откако беше стрелец против Њукасл, тој на својот Инстаграм профил индиректно и иронично посочи дека не станува збор за таков случај.
Дополнително и напиша:
Само сакав да се уверам дека бројките на мојот грб се видливи.
View this post on Instagram
Што мислиш, „држи вода“ ваквата приказна?