ДАЛИ МЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ЗНААТ КОЛКУ БЕШЕ (НАЈ)ДОБАР РОНАЛДО?
Објавено на: 22.09.2023
Си беше еднаш еден фудбалер кој се викаше исто како и денес најпопуларниот спортист на планетата Земја. То, првиот, оригиналниот кој се појави со тоа презиме, беше невиден талент и несопирлива машина на зелените терени.
Од него се плашеа сите, од голманите, преку дефанзивците, се до противничките навивачи. Знаеја, дека кога тој ќе тргне со „точакот“, нема спас:
Arte allo stato puro 👨🎨@ronaldo #ForzaInter pic.twitter.com/0YAtWwAPIT
— Inter (@Inter) September 22, 2023
Свесни ли сме каков фудбалер беше Роналдо, кој застана некаде на средината од кариерата поради повреди?