Фудбал

ДАЛИ ФАНОВИТЕ НА СТОУК ЌЕ „ПАДНАТ“ НА МАКЕДОНСКОТО ТРОЛАЊЕ?

Профилот на Стефан Тод очигледно сака да биде познат на Островот, откако добра трол-тактика можеби ќе му помогне да биде вистински хит меѓу навивачите на Стоук.

Како? Објави фотографија од споменикот Мечкин Камен, но наместо вистината од каде и зошто е поставен споменикот, напиша дека е во чест на Рори Делап, познатиот поранешен играч на Стоук кој беше познат по изведувањето на аутите.

Да му помогнеме на стане славен во Англија?