Фудбал

ДАЛИ Е ВРЕМЕ ЈУНАЈТЕД ДА ТРГНЕ ПО КЕЈН?

Играчот на Тотенхем е огромна желба на актуелниот шампион Манчестер Сити, но во игра влегува и градскиот ривал кој некогаш беше познат по „првиот пик“ во премиерлигашките трансфери.

Во времето на Сер Алекс Фергусон, сите најдобри играчи на Островот доаѓаа на легендарниот Олд Трафорд во врвот или непосредно пред постигнувањето на врвната форма во нивните кариери.

Не знам зошто Јунајтед не тргне по Кејн, низ историјата тоа е клубот кој ги ангажирал најдобрите играчи. Лукаку дојде во Челси, Грилиш во Сити, Варан и Санчо не се доволни за МЈ. – изјави за Скај Спортс, Гери Невил.

Според сегашниот коментатор на Скај и поранешен фудбалер на Јунајтед, сега е вистинското време Јунајтед да тргне по Кејн. Но, дали и за фудбалерот ова би бил вистински избор?