Фудбал

АКО ДОБИЕШЕ ЛИВЕРПУЛ ПЕНАЛ, НЕМАШЕ ДА ДОЖИВЕЕ КАТАСТРОФА?

Ливерпул доживеа дебакл на свој терен и чудно е како навивачите не си заминаа од стадионот на средината на второто полувреме.

Чудно е и како не почнаа да мавтаат со бели марамчиња (шамивчиња) во знак на протест против ужасната игра на нивните миленици, што би било копија на потегот што при 5 примени гола би го направиле шпанските навивачи.

Ливерпул водеше со 2:0, загуби со 2:5. Дали ако добиеше Ливерпул пенал при фаулот на Карвахал над Нуњез, мечот ќе отидеше во друг правец? Oва се случи при скор 2:3 во 52-та минута…