ФЛИК Е КАТЕГОРИЧЕН: ЈАМАЛ Е НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР ВО СВЕТОТ
Објавено на: 18.10.2026
По убедливата победа на гостински терен кај Бетис со 5:2, тренерот на Барселона Ханси Флик не можеше да го сокрие задоволството од тоа како игра неговиот тим. Во 11 мечеви сезонава во пренството и во Лига на шампиони, Барселона има перфектни 11 победи.
На гостувањето кај Бетис серијата од седум погодоци ја отвори Ламин Јамал со спектакуларен погодок од далечина. Флик е убеден дека тинејџерот е најдобар фудбалер не само во неговиот тим, туку и во светот.
„Кога ќе видите на кој начин го постигна првиот гол, тоа е неверојано. Во овој момент, тој е најдобриот фудбалер во светот. Многу сум среќен кога го гледам како игра. Секако дека е под притисок, има само 19 години, а игра на секој меч, но најважно е што постојано е 100 отсто фокусиран и посветен. Имаше многу добар настап, неговиот став е исклучителен, а тоа ги краси само големите играчи“, задоволно коментираше Флик.
Барселона сезонава едноставно е како машина за голови, па во досегашните 11 дуели што ги одигра постигна дури 48 погодоци, односно речиси 4,5 голови во просек по меч.