Фудбал

НАМЕСТО СПАС ОД ПОРАЗ, БУДИМИР ВО 90+7 ЈА ИЗВЕДЕ НАЈЛОШАТА ПАНЕНКА ВО ИСТОРИЈАТА (ВИДЕО)

Анте Будимир е трагирачот на фудбалскиот понеделник со неговиот катастрофално изведен пенал во поразот на Осасуна од Валенсија при минимални 0-1, во последниот меч од 31-то коло во Ла Лига..

Хрватскиот голгетер имаше одлична шанса да ја спаси Осасуна од пораз во седмата минута од судиското надополнување, но наместо сигурен удар, Будимир се одлучи за „паненка“. Кога на половина обид се предомисли, веќе беше предоцна и испрати некарактеристичен шут кој Мамардашвили лесно го одбрани.