БРУТАЛНИ ВЕСТИ ЗА БОСНА ПО ПЛАСМАНОТ: ЏЕКО ВО ТРКА СО ВРЕМЕТО
Објавено на: 01.04.2026
Еуфоријата во Босна и Херцеговина по историскиот пласман на Светското првенство доби неочекуван и тежок пресврт.
Додека Зеница славеше до доцна во ноќта по драматичната победа над Италија, стигна вест што ја замрзна радоста, Един Џеко, капитенот и лидерот на репрезентацијата, се здобил со сериозна повреда и го очекува операција.
Искусниот напаѓач се повреди во самиот финиш од натпреварот, по еден дуел со Давиде Фратези, поради што не ни учествуваше во изведувањето на пеналите. Според информациите, станува збор за повреда на клучната коска, која бара хируршка интервенција.
Тајмингот не може да биде полош.
Само два месеци пред Светското првенство во САД, Канада и Мексико, Џеко влегува во трка со времето. Ваква повреда не е наивна, особено ако се земе предвид неговата улога и годините, опоравувањето ќе бара време, трпение и внимателна рехабилитација.
Сега, целата нација чека одговор на едно прашање: Дали нивниот капитен ќе биде подготвен за најголемата сцена?