Кошарка
БРАДАТА ВЕЌЕ НЕ Е ТОЈ ШТО БЕШЕ?
Објавено на: 13.05.2022
Екипата на Филаделфија беше елиминирана со 4:2 од страна на Мајами, во рамките на НБА плеј-офот. Последниот меч заврши со резултат 90:99, а по натпреварит Џоел Ембид изјави:
Сите очекуваа да го видат Хјустон Џејмс Харден, но тој веќе не е таков играч. Сега е повеќе плејмејкер.
Дали „староседелецот“ со оваа изјава сакаше да каже дека неговата екипа купила скапа, но во суштина половна ѕвезда, која веќе нема никогаш да засјае на кошаркарското небо?
